|

ШВЕРЦЕРИ НА ДРОГА, ПРИ ПОТЕРА СО ЧАМЦИ, СПАСИЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ОД ДАВЕЊЕ

Во потерата со патролни чамци низ Средоземното море , шпанските полицајци се забиле во бродот на шверцерите на дрога , по што тие ги ваделе од вода.Тројца шпански полицајци завршија во море откако нивниот брод се судри со бродот на шверцери на дрога за време на потерата. Тие биле спасени од криминалците што ги бркале, пренесува Гардијан.

Во вчерашната потера недалеку од јужниот брег на Шпанија ,полицискиот чамец бркал глисер со четири лица осомничени за транспорт на наркотици, се вели во соопштението на полицијата.

За време на потерата се судриле двата брода, при што тројца полицајци паднале во морето, а бродот се вртел без контрола. Сепак, гестот на спасување на полицајците не ги спаси криумчарите од апсење откако полицијата пронајде три тони хашиш во водата недалеку од бродот.

Извор: ТВ Стар

Слични Објави