ЦЕЛА КИНА ЗАСТАНА ЗА ДА ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ ОД КОРОНА ВИРУСОТ

/

Во Кина денеска е Ден на жалост и со триминутно молчење им се оддаде почит на жртвите од новиот коронавирус, пренесува Фокус.

Државниот совет на Кина одлучи 4 април да го прогласи за Ден на национална жалост за жртвите кои починаа како последица на пандемијата на Ковид-19, и за здравствените работници, кои го жртвуваа својот живот за да ги спасат луѓето, објави кинеската национална телевизија.

Според одлуката, денеска во земјата сите знамиња се спуштени на половина копје, како и во кинеските амбасади и конзулати во странство. Откажани се сите јавни активности и настани. Во 10 часот по локално време со триминутно молчење, Кина им оддаде почит на жртвите на коронавирусот.

Денот на жалост се совпадна со почетокот на годишниот празник познат како Ден на предците, кога милиони Кинези и оддаваат чест на починатите членови на своите семејства.



Бројот на заразени лица со коронавирус во Кина од декември 2019 година досега изнесува 81.639, а починаа 3.326 луѓе.



Претходна статија

ПРИВЕДЕНИ 28 ГРАЃАНИ, ВКУПНО 59 НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Следна статија

ВРАБОТЕНИ ВО СТРУМИЧКА ФИРМА БАРААТ ПРАВДА: БИЛЕ ОДЈАВЕНИ БЕЗ НИКАКВО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Најново од Вести