Сијарто: На Европа ѝ се заканува нов миграциски бран од Авганистан

/

На Европа ѝ се заканува нов бран на илегална миграција од Авганистан, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во Њујорк.

Тој зборуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на Европската Унија, кои се во Њујорк по повод седницата на Генералното собрание на ОН.

Министерот пред новинарите предупреди на лошо сценарио од Авганистан. Рече дека сите фактори укажуваат на зголемената опасност од илегална миграција.

„За жал, повеќето земји членки на ЕУ не научија од она што ѝ се случи на Европа во 2015 година“, рече тој.



Доколку ЕУ не ја смени својата позиција, тоа ќе резултира со уште еден сериозен бран илегална масовна миграција, што треба да го избегнеме, објасни министерот.

Извор: Темите

Претходна статија

Црвениот крст и Владата договорија помош за граѓани при елементарни катастрофи и кризни состојби

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија нашиот предлог да се расправа за градбата на модуларните болници

Најново од Вести