|

Силјановска-Давкова до Османи: Нека дојде на дуел со сите кандидати, па да видиме кого ќе го сертифицираат во предиграта, во премиерата

На предизборниот митинг во скопската општина Центар, кандидатката за претседателка на Македонија Гордана Силјановска-Давкова му одговори на нејзиниот противкандидат Бујар Османи, по неговиот вчерашен повик за дуел.

„Ако е ова една модерна колонија, еден протекторат, во кој што е важен сертификатот однадвор, што би рекол еден медицински политичар или политички лекар кој за себе мисли дека е европски претседател. Такво нешто не постои“, му одговори Силјановска-Давкова на Османи.

„Па, сега слушам и тој фрлил ракавица и ме предизвикува на двобој. Човекот нема поим за тоа што зборува. Замислете што му е најважно? Сертифицирани да биле политичарите. А, кој го дава сертификатот? Вие, граѓаните, народот! Е, па, да видиме дали ќе добие сертификат. Нека дојде на дуел со сите кандидати, па да видиме кого ќе го сертифицираат во предиграта, во премиерата, па за да знаеме што ќе се случува во вториот дел од политичката игра“, потенцира кандидатката за претседателка Гордана Силјановска-Давкова.

Слични Објави