| |

СИЛЈАНОВСКА , ПЕТРОВСКИ,ДИМОВСКИ, ЃОРЧЕВ И УШТЕ 5 КАНДИДАТУРИ ВО ВМРО ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ

На 16 февруари на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ во Струга, делегатите ќе бираат меѓу девет поднесени кандидатури за Претседател на РМ.

Тоа се:

Никита Шехтуковски, професор на ПМФ, Ѓорѓи Манасков,машински инженер, Васко Костов, фармацевстки техничар, Влатко Ѓорчев, пратеник, Гордана Силјановска Давчева, професор на Правен факултет, Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет, Филип Петровски, поранешен директор на Архив на РМ, Горан Ангелов, поранешен градоначалник на Виница и пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки.

Владо Мисајловски од ВМРО ДПМНЕ, ги повика кандидатите да се натпреваруваат со своите програми, а делегатите на конгресот да го одберат најдобриот кандидат за трката за Претседател на РМ.

Слични Објави