СИМЕОНЕ НОСИ БРАЗИЛСКО „ЧУДО ОД ДЕТЕ“ ВО АТЛЕТИКО МАДРИД

Атлетико Мадрид во моментов е во напредни преговори за трансферот на бразилското „чудо од дете“ на Фламенго, Жесус Карваљо Реиние.

Многумина сметаат дека 17-годишниот бисер ќе изгради голема кариера, откако младиот фудбалер воодушеви по неговото деби годинава во првиот тим.

Според „Диарио АС“, Атлетико преговара со Фламенго за фудбалерот, кој има откупна клаузула од 62 милиони евра, но Шпанците се убедени дека може да ја намалат неговата цена.

Наводно, последна сума која би ја прифатила бразилската екипа е 50 милиони евра, која ќе мора да ја плати Атлетико.

Извор: Спорт1