Симеонов: Македонија може да ја прелие чашата, Бугарите ќе бидат понижени
Ако решението по темата за РС Македонија влезе во парламентот, одлуката најверојатно ќе зависи од гласањето на ГЕРБ. Ова во емисијата „Пред сите“ на Бугарското национално радио го изјави П’рван Симеонов, директор на Галуп интернешнл Болкан.
„Ние во Бугарија имаме огромен комплекс, дека се согласуваме со се’. Тоа со Македонија може да ја прелие чашата. Има моменти во историјата, кога нема потреба да се понижува една заедница. Бугарите ќе бидат понижени од тоа.“, изјави Симеонов.
