Симовски: Податоците од пописот не се загрозаени

/

До вчера се попишани 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови. И покрај постојаните сајбер напади, Државниот завод за статистика вели дека пописот е во тек и со сигурност целиот процес ќе биде завршен на време, на 30 септември. Директорот на Статистика, Апостол Симовски за Алсат, рече дека граѓаните се многу кооперативни.

Од Државниот Завод за статистика ги известуваат граѓаните дека за какви било дилеми и проблеми што ги имаат во врска со процесот на попис можат да се обратат до Заводот, како и на телефонските броеви кои се јавни на веб -страницата www.popis2021.gov.mk. Тие велат дека попишувачите кои го спроведуваат теренскиот попис, се овластени лица на Државниот завод за статистика кои исто така се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во домовите со доверба и почит, како и да им ги обезбедат потребните податоци.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Села: Подалеку рацете од докторите и семејствата, зарем не беа доволни 14 жртви

Следна статија

Денес се регистрирани 183 нови случаи на Ковид 19 – пријавени се 18 починати лица

Најново од Вести