СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ СО ПОДДРШКА ЗА УТРЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА БОЛНИЧКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Синдикатот на Клинички центар соопшти дека го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал, што е најавен за утре пред Министерството за здравство, пренесе Канал 5.

Протестот е во организација на координативното тело на здравствената администрација.

Синдикатот на Клинички центар на седница на Советот одржана на 10 минатиот месец донесе одлука да се потпише анекс на Колективниот договор за покачување на платите на докторите специјалисти за 25 отсто, докторите со наставно звање за 20 отсто, докторите по општа медицина 15 отсто, здравствените работници со средно, више и високообразование за 10 отсто и здравствените соработници за пет отсто, почнувајќи со февруарската плата во 2020 година, истакнуваат од Синдикатот и посочуваат дека и тогаш се изјасниле оти не се задоволни што административниот и помошно-техничкиот персонал не е вклучен во ова зголемување.