|

Сите дојави за бомби во скопските училишта се лажни

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави