| |

СИТЕ НАИВНИ, СИТЕ ИСКОРИСТЕНИ, СИТЕ НЕВИНИ- КАКО БЕ ЗА 30 Г. НЕ СЕ НАЈДЕ ЈУНАК ДА КАЖЕ „ЈА ЕБАВМЕ РАБОТАТА“?!

Катица се појави, си прочита и замина… да си ја истера должноста додека не и најдат заменик. Таа како што стана јасно од составот што го прочита е чиста како солза. Станала објект на медиумска хајка, ја ругале за професионалната кариера и што е најстрашно објект на напад станало и нејзиното семејство.

Вистина е дека ја начекаа и речиси сите медиуми почнаа да ја „лепат на насловна“, но помнам во еден период, кога само порталите финансирани од Белата палата ја реметеа за 6-ките во дипломата и фактот што не чита течно… не дека Груевски пленуваше со нараторски стил на изразување, ама ајде да не ја отворам темата.

Катица реално е колатералната штета, на договорот „Бихаќка“- Бела палата. На Заев му е потребно 2/3 мнозинство, а веќе е познато дека премиерот е готов на секакви жртви за да го добие истото. Фората околу исчезнувањето од јавност на специјалната јавна обвинителка е повеќе од јасна: „Покриј се за една недела, ќе смислиме што да речеш…“. Смислија приказна за мали деца: „Јас немам ништо со случајот „Рекет“, ме местат, ме искористија“. Режисерите на претставата прекрасно знаат што поминува кај народот. Уште еден наместен и искористен.

Како бе мајката за 30 г. ниту еден функционер не најде сили да рече: Ја испосрав другари, си одам, ама заедно со мене ќе си заминат… тие, тие, тие и тие, оти заедно серевме. Нема шанси да чуеме ваков муабет. Сите се невинни, наивни, ги местат, им прават хајки и што е најјако сите се разболуваат кога ќе им стане тесна фотелјата.

Ви текнува кога Груевски се жалеше на „ножињата“ во неговиот грб. На него Богот се осмелија да му ги закачат, а не па на една Катица, која со партиски договор на коалицијата СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ ја направија ѕвезда и сега кога веќе е време за новиот чин од претставата ја направија мивка. Жално навистина. Но Катица не е толку наивна. Никој што замешал прсти на толку високо ниво не е.

Не е наивен ни Миле, за кого жена му напиша дека бил добар до ниво глуперда. Е добро де, не го искористи тој збор, ама поентата е иста. Да беше навистина глуп и наивен Миле, сега наместо да чека операција на некоја од приватните болници во Скопје, ќе играше џамлии со некоја бубашваба на Клинички и ќе се надеваше дека нема да фати сепса после итната операција.

Токму тука се крие зајачето драги мои протестери, патриоти, северџани и чекачи на бугарски документи. Македонските државни здравствени установи се во ужасна состојба. Ама за жал тој факт не е главна тема. Битно е да се разбере, дали Катица смее да иде на фризер додека користи боледување и пазете, за тоа што прави Јанева, додека „се лечи“, најмногу се бунат тие, кои после секое боледување земено во летниот период, се враќаат на работа со „халкидики“ боја.

Филипче денеска најави дека 45 болници ќе добијат реновирање на санитарните чворови, нови плочки и молерисување. Алелуја… дочекавме. Па да кажеа од Илинденска дека прво треба да ја решиме етничката припадност на Гоце со Бугарите, за да се направи барем една ништожна позитивна промена во македонските државни болници, немаше толку да се буни народот.

Сега сериозно. Поранешен министер излегува од притвор да се лечи и бега како ѓавол од темјан од услугите на државниот Клинички центар. Знае екс министерот какво срање е тамо и со време си ја решава работата. Како што гледам Миле и не е дотолку затуцан. Штом има пари за на приватно, значи му се исплати тоа што исто како Катица е за подбишега. Се надевам дека и на Катица ќе и’ се исплати.

За Фатиме не се секирам. Таа е недопирлива оти е човекот, кој му го чува грбот на Али Ахмети… а тоа на фонот на сите скандали околу ДУИ воопшто не е лесна работа. Посебно за човек, кој ужива да го слуша Аца Лукас.

Автор: Атанас Величков

Слични Објави