|

„Ситроен“ удри пешак во Кисела Вода – лицето е со тешки телесни повреди

Пешак добил тешки телесни повреди кога патничко возило „ситроен“ удрило во него.

Според информациите од полицијата, на 25.11.2021, во 17.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Борис Трајковски, патничко возило „ситроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Ѓ. (50) од Скопје, удрило во пешакот Ѓ. Ѓ. (68) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Извор: Темите

Слични Објави