ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕП: ТРЕБА ДА ИМ КАЖЕМЕ ДА НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли на денешната прес-конференцијата по учеството во Европскиот совет изјави дека на дневен ред се постигнатиот договор за Брегзит, проблемите на сириската граница и турската офанзива како и прашањето за отпочнување на преговори на Македонија и Албанија.
„Ние знеме дека за ова има одредени различни позиции. Нашата позиција е дека треба да дозволиме старт на преговори. Ние чуствуваме дека ако ЕУ бара да се направат жртвувања и промени и ако тие жртвувања се имплементираат, тогаш ние треба да си стоиме на зборот и на ветувањата“, нагласи Сасоли.
Тој потенцира дека ставот на ЕП е дека процесот на проширување треба да продолжи и дека преговорите со двете земји треба да почнат.
„Ова се две земји од кои се бараше да ја сменат регулативата, да го сменат Уставот и јас мислам дека треба да им кажеме да“, рече Сасоли.