НАПЛАТИЛЕ 30 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 6 МЕСЕЦИ, А НЕ ОТВОРИЛЕ УСТА ВО СОБРАНИЕ- ВЕЧНИТЕ ПАТНИЦИ МИРА ДИЗЕЛ И СТОЈАН МИЛАНОВ
Во последните шест месеци, односно во периодт јануари-јуни оваа година, пеатениците Стојан Миланов од Пробиштип и Мира Стојчевска од Делчево по различни основи од државата, односно граѓаните наплатиле најмалку 30.000 евра. За овие пари, двајцата народни избраници на пленарните седници и собраниските работни тела не отвориле уста, стои во извештајот на !Мој пратеник“.
Така, за екстра популарната Мира Стојчевска стои и дека присутна била на 49 седници, била отсутна само еднаш, а освен што не дискутирала, не поставувала ниту пратенички прашања.
Прв другар по молчење на Мира и е Стојан Миланов кој исто така шест месеци не зборувал, туку кревал само рака.
Што за молчењето мислат граѓаните?
„ Не е во ред, да ги вратат парите“, е ставот на народот.
Дали ,наместо во џебот на пратениците, ќе било подобро овие 30.000 евра да завршат за некоја друга граѓанска потреба?
„Да, секако , подобро да се инвестираат некаде“, велат анкетирани граѓани.
За разлика од нив, завидна активност покажале Јагода Шахпаска, Јулијана Николова, Никола Мицевски, Трајче Димков, Емил Димитриев , Благица Ласовска и др.
Инаку, Источниот регион кој спаѓа во ИЕ 3 во парламентот делегира 10 пратеници и во овој парламентарен состав 4 се од СДСМ, а 6 од ВМРО ДПМНЕ.
Извор: ТВ Стар
