ЖЕНИ ИСПРАВЕТЕ СЕ! ВИЕ ГО „ВРТИТЕ“ СВЕТОТ!

/

За жал иако сме 21 век, иако луѓето одамна стапнаа на месечината, оваа поговорка на наше македонско тло и те како сe уште се применува во пракса. Кај нас, ако жената при излегување со својот маж или дечко е средена и убаво облечена, притоа некој маж на улица се срвти и гледа во неа, нашите мажи тоа го сфаќаат многу погрешно. Мажот најпрво наместо да биде горд на својата жена бидејќи до неа стои баш тој, а не некој друг, избира да се расправа со својата половина мислејќи дека таа ги предизвикува тие погледи на останатите мажи. Секој маж треба да ја почитува и чува својата жена, бидејќи таа е создадена од Бога да биде понежно суштество кое треба да се негува од страна на посилниот пол.

Правата на мажот и жената треба да бидат рамноправни. Зошто една жена на пример да не може да биде столб и дома и на работа, односно сопственик на некоја поголема фирма? Се разбира дека може. Дури можеби би била и поуспешна во извршувањето на нејзините обврски. Таа ги има истите способности како и еден маж во сите области. Знам, знам сега веднаш некој ќе истапи со муабетот дека жената не може да цепи дрва на пример. Море и цепат и копаат и трактори возат па и камиони. Така да муабетите паѓаат во вода! Ова за жал уште за некои мажи на Балканот е апсурд.

Според мене (и не дека сум женско) главниот столб на семејството е жената, бидејќи целата одговорност кон семејството оди преку неа.

Но не секој маж ја почитува својата жена и е благодарен за нејзината пожртвуваност. Бедно е и во исто време жално, бидејќи кај нас се уште постојат жени кои се дискриминарани и немаат право на никаков глас или одлука.



Секоја жена треба да има свој став кон нештата, да ги каже јавно и не треба да дозволи никој да ги погазува. Многу често жените се во ситуација да бидат малтретирани и да го премолчуваат фактот дека такво нешто им се случило токму на нив. Синдром на жртва, кој за жал е многу застапен. Најчесто жените немаат храброст или пак се под некаков притисок да се соочат со проблемот. Поради премолчувањето на насилството се повеќе жени во светот се малтретирани и убивани од своите мажи. Во денешно време жените не треба да зависат од своите мажи, туку треба да бидат независни и слободни. Јас имам 19 години, но и на 29 и 69 ќе го мислам истото.

Автор: Тамара Стоилкова

Претходна статија

ВИДЕО: ТАА НЕ НАПИША СТАТУС #МЕТОО НА FACEBOOK, ТУКУ МУ ПОКАЖА НА СЕЉАКОТ

Следна статија

МАСКА ЗА ЧИСТА И СВИЛЕНКАСТА КОЖА НА ЛИЦЕТО

Најново од Љубовни приказни