СКОПЈАНЕЦ ГО ЗАПАЛИЛ БМВ-ТО НА ГАЗДАТА ОТИ МУ ДОЛЖЕЛ ПЛАТИ

//

Вработен во приватна фирма во Скопје му ја запалил колата на газдата оти му должел плати. Од Министерството за внатрешни работи велат дека вчера во 13.43 часот на булевар Србија, Љ.С. (56) кој порано работел во приватната фирма на И.И.(51) со бензин го полеал возилото на газдата марка БМВ, кое било паркирано пред објектот и го запалил.

„Причина за палењето според досега пријавеното во МВР се неколку неисплатени плати кон Љ.С. Огнот го изгаснале вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.



Претходна статија

СТОИЛКОВСКИ НЕ СЕ ИЗВИНУВА ЗА „ЏИРЛО ДЕВОЈКА“, СПОРЕД НЕГО ЗАЕВ Е СЕКСИСТ

Следна статија

ВИДЕО: ТАА ОДБИ 5862 ПОКАНИ ЗА КАФЕ, ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЗАВРШИ…

Најново од Вести