|

Скопјанец го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, приведен е

Полицијата приведе 60-годишник од селото Крушопек поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични Објави