Скопјанец спасен од давење во Вардар, очевидец го забележал и го извлекол од водите
Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, соопшти МВР.
Според пријавата, на 12 јуни околу 7 часот очевидец забележал машко лице кое се давело во реката и успеал да го извлече од водата.
Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала помош, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.
