СЛАТКИ СО МАРМАЛАД
Состојки:
- 2 јајца
- 2 шолји масло
- 2 шолји шеќер
- ½ прашок за печиво
- 6-7 шолји брашно
- мармалад по потреба
Подготовка:
- Изматете ги белките пенесто, потоа додадете ги жолчките, маслото и шеќерот. Потоа додадете ги прашокот за печиво и брашното, но не се одеднаш за да се прати густината на смесата. Замесете со рака. Тестото треба да биде доволно цврсто за да може да се обликуваат топчиња. Затоа можно е да е потребно повеќе од 6-7 шолји брашно, а можеби и помалку, вие ќе процените.
- Кога ќе го подготвите тестото, обликувајте топчиња со средна големина. Треба да имате околу 30. Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. На секое топче направете вдлабнатина, а во таа вдлабнатина ставете отприлика половина лажичка мармалад. Печете на 180 степени додека не поцрвенат.
