ДРАМА ВО КИСЕЛА ВОДА: СИН JA НАПАДНАЛ МАЈКА СИ СО НОЖ, А ПОТОА ЈА ЗАПАЛИЛ
88-годишна Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако нејзиниот син ја нападнал со нож, а потоа ја запалил.
Инцидентот се случил вчера попладнето на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Кисела Вода, каде што полицијата го лишила од слобода 47-годишниот В.С. од Скопје, лице со психички здравствени проблеми, се наведува во соопштението на МВР..
Тој со нож физички ја нападнал неговата мајка, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите.
Со возило на итна медицинска помош таа била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.