Ден на отворени врати во бугарското МНР
Министерството за надворешни работи на Бугариja денеска ги отвора своите врати за посетителите. Иницијативата ја презеде вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел. Целта е да се популаризираат активностите на дипломатската служба, јавува БНР.
Настанот се одржува под мотото „Повторно откријте го светот на дипломатијата. Гостите ќе можат да се запознаат со работата на институцијата и задачите што таа ги извршува.
Вицепремиерката Марија Габриел ќе ја пречека првата група посетители. За гостите во зградата на МНР се планирани интересни обиколки кои ќе ја покажат врската меѓу културата и дипломатијата. Посетителите ќе можат да разгледаат дел од салите за состаноци во зградата и кабинетот на министерот, како и да учествуваат на курс за протокол и бонтон и да учествуваат на кратки предавања на теми од надворешната политика.
Ќе се организираат игри за децата да научат повеќе за светот на дипломатијата. Можност за фотографирање ќе има и во кабинетот на министерот за надворешни работи.
Отворениот ден во МНР започнува во 10:00 часот локално време и ќе трае до 16:00 часот.
