РАМУШ ХАРАДИНАЈ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕМИЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на функцијата, тоа се случи за време на одржување на седница на косовската Влада, јавуваат косовските медиуми.

Харадинај истакнува дека причина за оставката е поканата што ја добил од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг. Во образложението, Харадинај додава дека во Хаг ќе биде сослушан како осомничен, а не како обвинет за воени злосторства.