| |

Следната недела нова средба на Нимиц со Димитров и Коѕијас

Следната недела ќе се оддржи нова средба во рамките на процесот за преговори под посредништвото на медијаторот Метју Нимиц, потврди на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев, јавува А1 Он.

– Се надевам дека уште идната недела под раководство на Метју Нимиц ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорено, рече Заев на прес-конференцијата посветена на средбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт со спортски работници.



Слични Објави