|

Словачка ќе дели ваучери од 500 евра за граѓаните над 60 години што ќе се вакцинираат против ковид

Словачката влада предложи план со кој се предвидува бонус од 500 евра за секое лице над 60 години доколку се вакцинира против коронавирусот, во услови кога околу 46 отсто од населението е вакцинирано со две дози.

За владиниот предлог ќе одлучува Собранието, а за негово прифаќање потребна е поддршка од дел од пратениците од опозицијата.

Бонусот е наменет како ваучер кој може да се користи во угостителски објекти, за купување билети за спортски настани, кино, театар, изложби, концерти, за плаќање на фризерски салони или во спортски сали.

Министерот за финансии Игор Матович изјави дека станува збор за дополнителна помош од стотици милиони евра за секторите најтешко погодени од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата.

Слични Објави