Словачка протера тројца руски дипломати

/

Словачка денеска прогласи за „персона нон грата“ тројца руски дипломати и побара од нив да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти словачкото Министерство за надворешни работи.

Словачка одлучи да протера тројца соработници во Руската амбасада поради активности што не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на словачкото Министерство за надворешни работи.

И Бугарија и трите балтички држави денеска протераа руски дипломати.



Претходна статија

Грковска: Споделуваме позитивни искуства во борбата против корупцијата со колегите од Бугарија

Следна статија

На Јанакиески нема да му се суди за делото за кое не призна вина во “Титаник”, обвинителството се откажа од прогон

Најново од Вести