| |

СЛОВЕНИЈА СО РЕКОРДЕН БРОЈ НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Во Словенија, потврдени се 192 ново заразени со коронавирус во последните 24 часа од направен 3645 тестови и нема нови смртни случаи, објави денеска словенечката влада, пренесува Канал 5.

Ова е најголем број на нови дневни инфекции од почетокот на епидемијата, во вториот епидемиски бран во кој што бројот на нови инфекции е околу сто или помалку на ден во последните две недели.

Бројот на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата во Словенија се зголеми на 5007, 1509 случаи се моментално активни, а има 59 пациенти во болниците, од кои 15 се на единици за интензивна нега, објави Министерството за здравство.

Поради зголемувањето на бројот на нови инфекции во соседните земји, Словенија следната недела ќе го ревидира својот список на „црвени“, епидемиолошки небезбедни дестинации, бидејќи состојбата со коронавирусот се влоши и во Унгарија и Австрија.



Слични Објави