| |

РУСКОСКА: ИНТЕРПОЛ ОДБИВА ДА РАСПИШЕ МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Без образложение Интерпол одбива да распише меѓународна потерница за екс премиерот Никола Груевски, открива обвинителката Вилма Русковска.

Освен за Груевски, Интерпол не распишува потерница и за началникот на УБК, Никола Бошковски. Двајцата се обвинети за организирање на собраниските настани од 27 април, предмет за кој Русковска вели дека деновиве заедно со адвокатите ги разгледува доказите за комплетирање на истрагата.

Таа додава дека носителите на јавни функции треба да добиваат построги казни бидејќи токму тие треба да ги спроведуваат законите.



Слични Објави