| |

Со гала-концерт во Будимпешта завршува фестивалот „Јас сум Бугарче“

Со доделување награди и гала-концерт во Бугарскиот културен дом во Будимпешта денеска завршува 18. фестивал на Бугарите од светот „Јас сум Бугарче“, објави „Радио Бугарија“. Бугарското училиште и детската градинка во унгарската престолнина по вторпат се домаќини на фестивалот.

На тркалезната маса посветена на бугарските училишта во странство денеска се разговара за примената на вештачката интелигенција во наставата по бугарски како втор јазик. Попладневната програма е посветена на литературата, работата со текстови и употребата на фразеолошки изрази во наставата. Наставниците можат да се вклучат и онлајн преку платформата „Мајкрософт тимс“.

Паралелно со дискусиите се одржува и детската манифестација „Твориме, знаеме и можеме“, на која децата ќе се запознаваат, ќе играат и ќе творат заедно.

Слични Објави