ЗАКОНОТ ЗА ЈО ДОНЕСЕН СО 80 ПРАТЕНИЦИ ЗА И САМО 6 ПРОТИВ
Законот за Јавно обвинителство е донесен, заклучи претседателот на Собранието Талат Џафери и даде пауза од еден час. При второто гласање за предлог-измените на Законот за Јавно обвинителство 80 пратеници гласаа за, а шестмина беа против.
На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за”, а 32-ца „против”, но претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи гласањето зашто претходно Лилјана Поповска процедурално побарала збор, како и затоа што дел од пратениците се пожалиле дека гласањето не им било евидентирано.
По ова повторно законот беше ставен на гласање и помина со 80 гласа „за” и шест „против” на што реагираше коодинаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски барајќи од Џафери да го поништи второто гласање.
„Срамота е ова што го правите. Криминалци. Ви побарав процедурално додека се обраќаше колегата Мухиќ и вие тоа го занемаривте. Немате право да повикате на поединечно гласање. Барам да кажете дека гласањето е неуспешно. Се понатаму што правите е кршење на Уставот, му рече Мицевски на спикерот Џафери и побара еден час пауза.