СО КАКОВ РЕЧНИК ПОЛИТИЧАРИТЕ ЛОВАТ ГЛАСОВИ

Од „офуцана невеста“ до „северџански народ“, од „змии и ежoви“, до „криминалци“, „лажговци“ и „излапени во мозокот“. Ова е само дел од реториката на политичарите кои во битката за власт не избираат што ќе кажат и не внимаваат дали нивните зборови ќе навредат некого. Експертите по комуникологија проблемот во ваквата комуникација го гледаат во тоа што ќе има многу штетни влијанија во делот на одговорноста кај политичарите. Од секојдневните настапи на политичарите сведоци сме дека предизборието изобилува со „сочни“ меѓусебни обвинувања, посочуваат познавачите.

Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, во еден од своите јавни настапи, објаснувајќи зошто граѓаните треба да гласаат за нејзината партија, рече:

„Од крадењето, од мафијата што си ја делат, па до тоа што Македонија ја сведоа на најниско стапало, и ја продадоа како „офуцана невеста“ на пазарот. Овој народ треба да се освести и да ги смени сегашните политичари со оние кои посериозно и похрабро ќе ја водат државата“.
Солза Грчева

Во битката за гласови, партијата ГДУ го користи логото „Бидете ежот кој ќе се спротивстави на змиите – не се плашете од змиите“. Претседателот на ГДУ, Петар Колев, идејата за логото ја објасни со тоа што ежето е единственото животинче кое може да се справи со змиите.

„Тоа нема страв од опасностите, дури и од змиите. Затоа го избравме како лого кое ќе инспирира во политичките размислувања. Ние очекуваме сериозна битка меѓу ежињата и змиите“, рече Колев.

(Целата анализа прочитајте ја на Слободен печат)