Со пари од проектот „Скопје 2014“ ќе се поставуваат енергетски ефикасни фасади
Енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта во Скопје ќе бидат изградени со средствата од проектот „Скопје 2014“, најави градоначалникот Петре Шилегов.
Тој рече дека станува збор за 70 милиони денари, а реконструкцијата на средните училишта е планирана да почне на 10 јуни и да трае до почетокот на новата учебна година.
„Со реконструкцијата на фасадите ќе ги опфатиме сите средни училишта коишто имаат потреба од тоа. Со ова училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади, во согласност со современите стандарди за рационализација и за заштеда на електричната и на топлинската енергија. (Прочитајте го целиот напис овде)

