Делегација од Собранието на Република Македонија на 15 јуни 2018 година ќе учествува на Интерпарламентарната конференција во главниот град на Чешката Република, Прага.
Темата на Конференцијата е под наслов „Почитување на слободата на изразувањето, вклучувајќи ја и слободата на медиумите во ЕУ и пошироко“.
Настанот е во организација на Европскиот парламент, во соработка со Претставничкиот дом на Чешката Република.
Делегацијата од Собрание на Република Македонија е составена од пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска, како претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија; г. Благојче Трпевски, г. Реџаиљ Исмаили и г. Благоја Деспотоски, како членови на Комисијата.