| |

Софиската опера и балет ќе се претстави со операта „Валкира“ на Вагнер на 52-те Мајски оперски вечери во Скопје

Во рамките на 52-то издание на Мајски оперски вечери за прв пат на оперската сцена во РС Македонија ќе прозвучи грандиозната опера ,,Валкира” од Рихард Вагнер во изведба на солистите, оркестарот, хорот и балетот на Софиската опера и балет.

Бугарскиот Културно информативен центар во Скопје го поддржа гостувањето на Софиската Опера и балет и продолжува да ја запознава аудиторијата во РС Македонија со достигнувањата на бугарската култура и уметност.

,, Со најголемо задоволство ве каниме на 18 -ти мај 2024 година од 18 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје за да го проследиме спектаклот на Софиската опера и балет и да споделиме една незаборавна музичка вечер.
Карти можете да резервирате на следните броеви: 078 426 536 и 02 3118 451. Можете да заклучите карти online на веб страната www.operabalet.mk“, информираат од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје.



Слични Објави