|

Сончево и натпросечно топло со температура до 42 степени

Времето денеска според УХМР ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната од 34 до 42 степена. УВ=9

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

Според најавите од УХМР, продолжува периодот на стабилно и натпросечно топло време, но максималната температура од утре ќе биде во просек за 2 степенa пониска во однос на денешната.

До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во четврток попладне и во петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во петок температурата дополнително ќе се намали.

Слични Објави