СОСТОЈБАТА НА БОРИС ЏОНСОН Е СТАБИЛНА
Британскиот премиер Борис Џонсон е во стабилна состојба, соопштија од Министерството за здравство на Обединетото кралство. Тој ја поминал и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот.
Џонсон, кој пред две недели имаше позитивен тест на коронавирус беше пренесен во болницата „Свети Томас“ во Лондон во неделата навечер, бидејќи имал висока температура и кашлица, но неговата состојба се влошила во понеделникот и тој беше пренесен во одделот за интензивна нега.
