|

Спасовски го дели македонското општествено ткиво на подобни и неподобни граѓани

Став на проф. д-р Дореана Христова

Вчера (4.5.23) констатиравме мизерен гест од страна на македонскиот министер за внатрешни работи, Спаcовски, кој со своите постапки како раководител на македонската полиција, докажа во повеќе наврати дека го дели македонското општествено ткиво на подобни и неподобни граѓани, исто како што тоа го правеа удбашите со Ранковиќ, Колишевски и кои ли уште не во неславната југовина.

КАКВА е тоа СРАМОТА ОД МАКЕДОНСКО МИНИСТЕРСКО НИВО да се сервира незрела општествена поделба по симпатии и несимпатии, на источни, северни, јужни и западни пријателства или непријателства, т.е. на исклучиви северни Спасовски наклоности!!!!

За уште еден додворувач на непостоечкото минато ли се работи со посебна снисходливост пред Белград и нивните медиуми, кои во ништо не се понапредни од нашите, туку можеби во мала димензија состојбата е обратна?

Толку ли ниско паѓа еден министер на државниот ред што го претвори во сопствено безредие пред Политика?

Тој сепак би морал барем пред ЕУ (освен кај нас во 21 век) да одговори зошто не рие по својата удбашка навика за соучесништвото на сите други земји освен Бугарија, што ја придружуваа германската оска од 1941???? ,

Или срамната цел му е само една, а тоа е да го урива исклучиво нашиот источен сосед

и посебно младите Бугари во Бугарија, како и оние што живеат во Северна Македонија, недемократски фрустрирајќи ги поради нивното потекло, токму така како што Хитлер постапуваше со Евреите пред речиси еден век…а мислевме тоа време нема никогаш да се врати повеќе…

Тој наш министер напразно претпоставувавме дека ги знае стриктните европски правила за задолжително негување на пријателство со сите 5 соседи (Грција, Бугарија, Албанија, Косово и Србија).

Дали треба да го потсетиме (ако заборавил) дека имаме два европски соседи (Грција и Бугарија) кои подобро и од Северна Македонија ги познаваат правилата за европско однесување на институционално национално и меѓународно ниво, а од кои тој можеше да се потруди нешто да научи, без да бара утеха во белградска ,,Политика,, како од времето кога не ни бил роден, но некој му раскажувал како да рецитира по белградски такт една иста одмината пракса, која одамна е ad acta и не одговара на македонската проевропска цивилизација што раскрстува со било каков екстремизам.

За да не се повторат грешките и навредите, бараме санкции кон сѐ уште актуелниот министер Спасовски да оди во затвор.

Прво, заради поттикнување омраза кон бугарските-европски соседи и нашите млади со бугарско потекло

Второ, да плати оштета од 10000 евра за навреда на честа на младите Бугари и македонските Бугари кои не заслужуваат грубијански третман од име на министерството за внатрешни работи т.е. тие се исто еднакви меѓу еднаквите.

Слични Објави