| |

СПАСОВСКИ: ИМА ДИЛЕМИ ЗА ТОА ДАЛИ „ДИВО НАСЕЉЕ“ НЕ СЕ СЛУЧИ ЗА ДА ЗАПРЕ ОБЈАВУВАЊЕТО НА „БОМБИТЕ“

„Една од дилемите која се поставува и пред мене и пред граѓание е дали ова беше сценарио кое требаше или имаше задача да го запре објавувањето на бомбите, затоа што во февруари почна објавувањето на бомбите односно вистината за Македонија, а во мај ни се случија настаните од Куманово“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешното интервју за ТВ21.

Потсетуваме дека во оружената пресметка пред четири години во кумановското „Диво насеље“, што траеше два дена, животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени. Во пресметката покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.



Слични Објави