|

Спасовски: Обвинителството ќе може да отвори истрага и да ги провери фактите за сопственоста на „Соравија“

Ова се податоци кои даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се’ за финансиските текови.  Вака министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговори на прашањето дали МВР ќе провери како Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, се стекна со 39 проценти од сопственоста на Т.Ц. „Соравија“.

„Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи соодветни институци за спроведување на закон да се проверат овие факти и аргументи“, рече Спасовски.

Прашан дали некој ќе понесе одговорност или оставка, по низата скандали со коалициониот партнер, Спасовски рече дека  за се’ што произлегува, а е спротивно на законите мора да има одговорност,  безразлика дали се работи за политичари.

„Не треба да има селективност и потребни се резултати“, додаде министерот.

Спасовски ги коментираше и најавите на МПЦ за протест поради законот за родва еднаквост.

„Законот за родова еднаквост не  е влезен во владина процедура. Треба да се отвори широк дијалог. Кога ќе се заврши дебатата, законот може да оди на Влада и во Собрание“, рече министерот, одговарајќи на новинарски прашања.

 



Слични Објави