СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА КАРИЕРАТА НА УНГАРСКИОТ ПОЛИТИЧАР КОЈ БЕШЕ ФАТЕН ВО ОРГИЈА

Импровизирана спомен-плоча во чест на политичката кариера на унгарскиот европратеник Јозеф Сајер е поставена на олукот од бриселската зграда по кој тој бегал кога полицијата изврши упад во станот каде што се одвивала геј-оргија, нелегална поради протоколите во врска со коронавирусот.

loading...

Плочата е поставена од Унгарци што живеат во главниот белгиски град.

Покрај фотографијата на Сајер на унгарски и на англиски јазик стои:

„Политичката кариера на Јозеф Сајер, европратеник од Фидес и Европската народна партија, заврши тука кога тој се обиде да им избега на властите користејќи го овој олук по учеството во оргија, со екстази, за време на пандемијата на коронавирус во петокот на 27 ноември“.


loading...

Извор: Макфакс