МЗ: СЛОБОДНИ СЕ ОКОЛУ 180 БОЛНИЧКИ КРЕВЕТИ, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛЕГЛА

/

Во моментот во болниците во земјава каде се лекуваат пациенти позитивни или суспектни на ковид-19 се хоспитализирани 1 348 пациенти, а слободни се околу 180 болнички кревети, јавува Министерството за здравство.

Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.



На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Претходна статија

БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ ГИ РАЗГРАБАА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУС

Следна статија

МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ ВО ИНДИЈА- ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА МАЧНИНА И ПАЃААТ ВО НЕСВЕСТ

Најново од Вести