| |

СПОРЕД „БАРОМЕТАР“ ГЕРБ СО НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО БУГАРИЈА СЛАВИ ТРИФОНОВ ОСТАНУВА НАДВОР ОД ПАРЛАМЕНТОТ

Според податоци од телефонска анкета спроведена во крајот на ноември, од агенцијата „Барометар Бугарија“, ГЕРБ останува водечка политичка сила во соседна Бугарија. Партијата на Бојко Борисов има 8% предност пред најголемата опозициска партија БСП на Корнелија Нинова, јавува бугарскиот сајт Фрогњуз.

Според анкетата активната политика на ВМРО во однос на ветото против Република Македонија ја прави партијата на Каракачанов основен конкурент на ДПС (партијата на Турците во Бугарија) за трета политичка сила кај нашиот источен сосед.

Резултатите од анкетата покажуваат дека партијата на бугарскиот шоумен Слави Трифонов, „Има таков народ“ нема да го помине цензусот од 4 % доколку изборите се случат во периодот кога се спроведувало испитувањето.



Слични Објави