СР: АМДИ БАЈРАМ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО АЛЕЈАТА НА ВЕЛИКАНИТЕ

Сојузот на Ромите, партијата на починатиот Амди Бајрам, соопшти дека нивниот лидер денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел.

Долгогодишниот политичар почина вчера на 64-годишна возраст по срцеви компликации.

Погребот е закажан за денеска, прво во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алејата на Великаните.