| |

Средба на министерот Тевдовски со Себастијан Соса

Министерот за финансии Драган Тевдовски и тимот од Министерството за финансии денеска имаше средба со
новоназначениот резидентен претставник на ММФ во Македонија Себастијан Соса.  Од Министерството за финансии оценуваат дека назначувањето на резидентен претсавник е во насока на унапредување на соработката меѓу Македонија и ММФ.

На средбата, како што стои во соопштението, е истакнато дека е јасно оти Македонија нема потреба од аранжман со ММФ, но затоа монетарците имаат експертска и техничка помош што може да и ја понудат на земјава во реформите за управувањето на јавните финансии.

Претставникот на ММФ во Македонија, на средбата истакна дека Фондот може да помогне во реформите што се планираат, како среднорочното буџетирање, фискалниот совет и правила, даночната реформа, преку знаењата и искуствата на врвни експерти.

– Годинава се очекува опоравување на економијата од ефектите на политичката криза. Владината проекција, која се поклопува со проекцијата на ММФ е дека годинава економијата ќе забележи раст од 3,2 отсто, стои во соопштението во кое се додава дека на средбата од тимот на Министерството за финансии е истакнато дека првпат после девет години има намалување на јавниот долг на годишно ниво.

Министерот за финансии ги истакнал напорите и мерките што се преземаат кон зголемување на фискалната транспарентност, која игра значајна улога во квалитетното менаџирање со јавните финансии.

Резидентниот претставник во Македонија Себастијан Соса, истовремено е и резидентен претставник на ММФ во Србија. Фондот инаку две години немаше резидентен претставник во земјава, од завршувањето на мандатот на Патрик Гитон.



Слични Објави