| |

СРЕДБА НА ЗМНР АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЏЕС БЕЈЛИ

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, оствари куртоазна средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

Соговорниците го нагласија задоволството од континуираниот и конструктивен билатерален политички дијалог помеѓу Република Македонија и САД, базиран на традиционалното пријателство и стратегиското партнерство меѓу двете земји.

Заменик Министерот Жерновски подвлече дека Владата на Република Македонија останува трајно посветена на заложбите за стабилност, мир и просперитет на Регионот, со јасна перспектива за негова европска и евро-атлантска интеграција. ЗМНР Жерновски ги истакна реформските постигнувања и активности во контекст на интегративните процеси на нашата држава, со акцент на очекувањата за уште позасилена поддршка од САД во пресрет на јулскиот Самит на НАТО и ефектуирање на поканата за членство на нашата држава во Алијансата.

На средбата беа разменети мислења и за политичките состојби во Република Македонија и Регионот, како и за актуелните глобални предизвици.

Слични Објави