|

ССМ: Итно да се утврди минимална плата од 18.000 денари, скалесто зголемување на платите за сите и регрес за годишен одмор за администрацијата

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски на денешната презентација на студијата: „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“, побара покачување на минималната плата на 18.000 денари, како и скалесто покачување на сите останати плати.

„Утре ќе имаме средба со преставници на највисоките одбори на Синдикатите и уште еднаш ќе ги дефинираме следните чекори. Ние немаме време за чекање до март, април или јуни. Покачените сметки за струја и парно ќе стигнат на 1 февруари, а ние немаме пари да ги платиме. Затоа најитно бараме да се утврди  минимална плата од 18.000 денари, скалесто зголемување на платите за сите работници согласно колективните договори, како и регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор“, посочи Димовски.

Димовски најави и масовен штрајк преку кој ќе се изрази незадоволството на работниците и на Синдикатите

Извор: Zoom. mk



Слични Објави