Стартуваа училишните спортски лиги во Ѓорче Петров – 700 ученици во 6 лиги
700 ученици во 6 лиги, забавен спорт и индивидуални спортисти, вистински спортски празник за нашите најмлади љубители на спортот, сподели денеска градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
„Радоста, енергијата и натпреварувачкиот дух кај децата се најголемата потврда дека вреди да се вложува во младите и нивниот развој. На сите учесници од шесте основни училишта им посакувам многу успех, фер-плеј и дружење, порача Стојкоски.
Воедно тој искажа благодарност до наставниците, тренерите и поддржувачите кои, како што вели, со својата посветеност го прават ова натпреварување возможно и незаборавно.
„Продолжуваме да вложуваме во спортот и младите – затоа што спортот гради карактер, пријателства и идни шампиони“, истакна Стојкоски.