Стек со сос од печурки

Состојки:
– 200-300 гр. печурки свежи
– 1 филџан бело вино
– сол
– бибер по вкус
– 4 лажици брашно
– 4-5 лажици путер
– 1 прстофат морско оревче
– 500 гр. пилешки стек

Подготовка:
Исчистете ги печурките и пресечете ги на парчиња. Ставете ги да се варат во 3 чаши солена вода во која сте ги додале филџанот вино, солта и црниот бибер. Варете половина час и извадете ги печурките од течноста.

Испржете го брашното со маслото и со непрестано мешање ставете го во течноста каде што се вареле печурките. Потоа додадете ги печурките и морското оревче и оставете го сосот да зоврие на тивок оган околу 10 минути. Ако сосот стане премногу густ, разредете со малку топла вода.

Стекот посолете го и зачинете го (со зачини по желба) и испржете го. Кога ќе биде готов сервирајте го заедно со сосот од печурки.

На здравје!

 



Слични Објави