|

Стевчо Јакимовски ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, му вршеле притисоци и опструкции

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски на локалните избори отворено ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и го доби градоначалничкиот мандат, објави дека по 99 месеци ја прекинува коалицијата. Тој вели причината е тоа што советниците од оваа партија му прават опструкции и притисоци.

-Денеска по 99 месеци за жал ја прекинувам коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош затоа што повеќе немам намера да дозволам некој да ја опструира работата, да си поигрува и да ме понижува мене како градоначалник, советот и граѓаните на Карпош.

Главен виновник за раскинување на коалицијата е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ГРОМ нема да влегуваат во коалиција со никој и ќе продолжат да делуваат како опозиција. Карпош и јас мораме да им се спротивставиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицниот градоначалник, порача Јакимовски.



Слични Објави