СТОИЛОВ: ОСВЕН ШТО СЕ ДОМАЌИНИ, НИШТО ДРУГО НЕ МЕ ПЛАШИ ОД АВСТРИЈЦИТЕ!

На неколку часа до натпреварот против Австрија (18.15), македонските репрезентативци опуштени и без некој грч ги споедлија очекувањата и мислите во однос на нивната блиска иднина.

Од Виена, Владко Арсов

Фото: Петр Стојановски

Еден од најискусните, Стојанче Стоилов,вели дека не е толку лоша играта на Македонија, ни недостигаат ситници кои, ако се поправат, ќе ни донесат победа и против Австрија.

„Натпревар да се биде или не за, сè зависи од нас. Ако победиме со 2 два разлика ќе пренесеме бодови, што е многу важно. Ова е натпревар на којшто ќе видиме кои сме и што сме. Треба да поправиме некои ситници од натпреварот со Чешка, кој според мене воопшто не беше лош. Но тие ситници решаваат кој ќе биде победник на крај. Се надевам дека ќе успееме да се коригираме и ќе ја израдуваме цела нација“, истакна Стоилов.

Според него Австрија не е ништо посебно и нејзиниот најголем адут, покрај Никола Билик и Јанко Божовиќ е – домашниот терен.

„Освен тоа што се домаќини друго ништо не ме плаши. Шутери се, играат со тие двајца играчи, добри крила имаат. Е сега, може да не им влезат шутевите и да биде добро за нас. Се надевам дека ќе ги анулираме, знаеме против кого играме, знаеме кои се нивните плусови и минуси.“, коментира Столе.

Јавноста се загрижи на дуелот со Чешка бидејќи во последните петнаесетина минути тој воопшто не влезе во игра, остана на клупа. Сепак вели дека е добар и со Австријците ќе игра нормално.

„Се е во ред со мене, со Чешка и немаше како да влезам. Ние губевме, момците се вратија без мене и Данило направи добар потег ја задржа истата постава, ќе беше неспортски да се враќам. Добри сме сите, расположени, одморни. Ова е европско првенство и затоа мотивацијата не е проблем, добро се чувствуваме сите, има одмор, не е како на светско кога се игра и ден за ден“, дополни Столе.

Македонија брка победа со најмалку два разлика или со еден, но изразена во меч со барем 63 гола вкупно. Целта е, од друга страна, да не се победи со повеќе од четири гола разлика, за да пренесеме два бода во главната фаза.

Извор: Спорт1