СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ : СИТЕ ПАРТИИ ПРЕГОВАРАА ЗА ИМЕТО
Стојанче Ангелов во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија изјави дека сите македонски политички партии кои биле на власт биле учесници во преговорите за името. Ангелов наведе дека тој лично самиот бил противник на преговорите за името, но кога тие веќе се воделе мора да се дојде до решение и според него ова не е лошо решение во целост иако има негативни страни. Самото признавање на Македонци како нација и македонски јазик од Грција е најголемиот успех кој Македонија го постигнала, нешто кое порано не било замисливо за Грција.

